Skip to main content

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина

Обединетата команда на вооружените сили на Иран упати предупредување до Морнарицата на САД да не влегува во Ормуската Теснина, во соопштение објавено од државните медиуми во земјата.

Предупредувањето доаѓа како реакција на операцијата најавена од САД за ослободување на бродовите кои се блокирани во теснецот.

-Повеќепати изјавувавме дека безбедноста на Ормуската Теснина е во наши раце и дека безбедното поминување на пловилата мора да биде координирано со вооружените сили на Иран, се вели во иранското соопштение.(МИА)

Поврзани вести