Skip to main content

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески на „Денови на македонската култура“ во Брисел

Во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија, на 4 мај во Брисел, во кино-салата Cinema Galeries, ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.
По проекцијата ќе следи Q&A сесија со актерот Благој Веселинов.

Проекцијата е дел од пошироката програма на „Деновите на македонската култура“, кои имаат за цел да ја афирмираат македонската уметност и култура пред европската публика, и се реализира во соработка со Министерство за култура и туризам.

Поврзани вести