Skip to main content

Снег во мај на планините северно од Атина

Снег, кој е почест за зимскиот период отколку за почетокот на мај, бил забележан во раните утрински часовина планината Парнита и планината Пентели, двете лоцирани на северните предградија на Атина.

Поради снегот на Парнита, сообраќајот на возила е прекинат од висината на жичарницата.

Температурата се спушти до само 8 степени Целзиусови, и иако нема снег во подножјето, на повисоките надморски височини има снежна покривка.

Слична е ситуацијата и на Парнас, каде снегот се задржал. Пејзажот е впечатлив, но не наликува на пролет, бидејќи сè е покриено со снег.

Посилен снег бил пријавен и во планинските делови на централна Грција и Пелопонез.

Поврзани вести