
Светскиот првак во Формула 1, Ландо Норис (Мекларен), победи на денешниот спринт во Мајами, искористувајќи ја полпозицијата и водеше од првиот до последниот метар во трката од 19 кругови.
Успехот на возачите на Мекларен го комплетираше Австралиецот Оскар Пјастри, кој го освои второто место.
На третото место се пласираше возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Водечкиот во генералниот пласман, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес) заврши на шестото место, заработувајќи казна од пет секунди. На четвртото место се пласираше неговиот клупски колега Џорџ Расел, а Макс Верстапен (Ред Бул) заврши на петтото место.
Луис Хамилтон (Ферари) и Пјер Гасли (Алпин), исто така, освоија поени.
Квалификациите за неделната трка за Големата награда на Мајами се на програмата вечерва со почеток во 22 часот по средноевропско време.

Македонски


