Skip to main content

Во Србија активиран системот „Пронајди ме“ поради исчезнување на девојче од Нови Сад

Српското Министерство за внатрешни работи го активираше системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување за исчезнување на петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, лице со посебни потреби, која исчезнала на 29 април.

На 29 април таа го напуштила училиштето во Нови Сад, во непознат правец“, соопшти српското МВР.

Девојката последен пат е видена на 1 мај, околу 19 часот во Инџија.

Медиумите претходно објавија дека полицијата интензивно трага по двајца тинејџери, шеснаесетгодишно момче и седумнаесетгодишно девојче, ученици во училиштето „Д-р Милан Петровиќ“ во Нови Сад, кои исчезнаа на 29 април.

Поврзани вести