Skip to main content

Кривични за екс градоначалникот од СДСМ: Одобрил „реконструкција“ што била дивоградба

Кривични пријави се поднесени против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, раководител во урбанизам, општинска инспекторка и инвеститор, поради сомнежи за незаконска градба. Според информациите, била одобрена реконструкција на објект, иако фактички станувало збор за новоградба, при што на таа локација воопшто не била предвидена градба согласно ДУП.

И покрај тоа што немало правосилно решение, инвеститорот започнал со градежни работи. Наместо постапката да се третира како кривично дело „бесправно градење“, општинската инспекторка ја водела како прекршок, поради што е пријавена за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Од МВР информираат дека Костадинов и дел од општинските службеници се товарат за „несовесно работење во службата“, додека инвеститорот за „бесправно градење“.

СВР Струмица поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против пет лица – К.К. (36), С.Р. (38), М.Т. (42), С.О. (61) и Ѓ.М. (54), сите од Струмица.

Поврзани вести