Skip to main content

Месечни „Кино средби“ во Кинотека и Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје и Кинотека организираат уште едно издание на месечните „Кино средби” во Кинотека со проекцијата на филмот „Марија“ (2024) на Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеј, Мет Дилон, Џузепе Маџо. Проекцијата е закажана за 6 мај во 20 часот.

Марија е на границата помеѓу светот на децата и оној на возрасните, кога блеснува во контроверзниот филм „Последното танго во Париз”, кој подоцна станува култен. Таа станува светски позната, но не е подготвена ни за славата, ни за скандалот, ни за сите последици.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Во „Марија”, Жесика Пали со емпатија раскажува за трагичната судбина на Марија Шнајдер. Чувствителен омаж кон актерката чијшто живот беше засекогаш променет по снимањето на „Последното танго во Париз”. Анамарија Вартоломеј е инзвонредна од почеток до крај. (Телерама)

Поврзани вести