Skip to main content

Москва обвинува дека Зеленски се обидува да испровоцира нуклеарна војна

Инстаграм/mzakharovamid

Руското Министерство за надворешни работи го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за обиди да провоцира нуклеарна војна, предупредувајќи ја Европа за последиците.

Киев ја гранатира нуклеарната централа Запорожје, а Зеленски бара не само членство во НАТО, туку и нуклеарно оружје за безбедноста на Украина. Тој продолжува да провоцира нуклеарен конфликт со таквите изјави“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Според неа, западна Европа е изложена на ризик да стане првата жртва на последиците од оваа „нуклеарна уцена“, пренесе ДПА.

Наместо да продолжат со финансирање на воените напори на Киев, Европејците мора да го запрат украинскиот лидер. Зеленски не сака мир, тоа е очигледно“, изјави Захарова.

Таа ги отфрли и изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој рече дека Украина можеби ќе мора да и отстапи територии на Русија за да постигне мир.

Ниту Германија, ниту ЕУ не се вклучени во преговарачкиот процес. Сите изјави на нивното раководство на оваа тема за нас се бесмислени. Нема смисла да се реагира на изјавите на европските политичари сè додека континентот продолжува да ја финансира Украина“, изјави Захарова.

Таа во своите забелешки ги спомна и Бугарија и Турција.

Како членки на НАТО, двете црноморски нации сносат заедничка одговорност за еколошките последици предизвикани од нападите на Киев врз нафтеното пристаниште Туапсе на брегот на Црното Море“, рече Захарова.

Таа се осврна на украинските напади со дронови врз терминалот во градот, кои предизвикаа големи пожари и излевање на нафта во Црното Море.

Поврзани вести