
Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 26:28.
Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска.
Ривалките во вториот дел се одлепија на +5 (19:14), но во финишот македонските ракометарки намалија на 24:25, но немаа сили за пресврт.

Македонски



