Skip to main content

Премиера на хит-филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во скопско кино „Синаплекс“

Хит-филмот „Ѓаволот носи Прада2“ премиерно ќе биде прикажан утревечер, на 29 април од 18 до 22 часот, во скопското кино „Синеплекс“. Настанот е најавен како женска вечер со забава со коктели, диџеј и модна изложба на дизајнерката Ивана Кнез.

Дваесет години по култните улоги на Миранда, Енди, Емили и Најџел, Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат на модните улици на Њујорк и во елегантните канцеларии на магазинот „Писта“ во филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ на 20th Century Studios, долгоочекуваното продолжение на филмскиот феномен од 2006 година, што одбележи цела една генерација.

Филмот е во режија на Дејвид Френкел, според сценарио на Алин Брош Мекена. Продуцентка на филмот е Венди Фајнерман, а извршни продуценти се Мајкл Бедерман, Карен Розенфелт и Алин Брош Мекена.

Филмот од 30 април ќе игра и во кината на Киноверзум во скопските населби Кисела Вода и Драчево, Штип и во Велес.

Поврзани вести