
Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за Вечер Прес. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината.
Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон.
Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР за медиумот.
Причината за нападот, според првичните информации, била комуникација преку социјалната мрежа „Инстаграм“.

Македонски



