
Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот.
Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми.
Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски центри.
Загрепската полиција соопшти дека сите дојави во петокот за поставени бомби во училишта и детски градинки на подрачјето на Загреб биле лажни, откако биле извршени контрадиверзиски проверки во објектите.
Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот.
Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми.
Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски центри.
Загрепската полиција соопшти дека сите дојави во петокот за поставени бомби во училишта и детски градинки на подрачјето на Загреб биле лажни, откако биле извршени контрадиверзиски проверки во објектите.(МИА)

Македонски



