
Венко Филипче додека глуми патриот и формален лидер на СДС, Зоран Заев ја контролира СДС и е главниот газда, а доказ за тоа е појавувањето на роденденот на партијата, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДС на чело со Венко Филипче нема стратегија и план за делување како во сопствената партија, така и со државата. Филипче делува исклучиво по насоки и инструкции од Зоран Заев и за негови лични интереси и цели. СДС на чело со Филипче е без визија, нема визија за внатрепартиско консолидирање, ниту за управување со важни државни процеси и делување како конструктивна опозиција. Тоа се гледа и со делувањето во Собранието каде раководството на СДС, под влијание на Заев, ги кочи клучните закони поврзани со европската агенда. Раководството на СДС избрано од Заев ги кочи законите поврзани со ЕУ агендата само поради една цел, а тоа е да течат бизнисите на кланот Заеви. Филипче негодува со закони и законски измени, како оној за укинување на техничка влада, поставува услови за измените на законот со кој пратениците мора да имаат само македонско и слично. Ова се само мал дел на реформски закони иницирани од владејачкото мнозинство и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конструктивност и поддршка на реформите, СДС и Филипче избира блокада како средство за политички притисок, со што директно се загрозуваат интеграциските процеси на државата. Венко Филипче е исплашен и нервозен политичар, кој секојдневно се демантира сам себеси во зависност од насоките на Заев. Филипче е без план и до толку исплашен што се обидува да уценува, да дава ултиматуми и да повлекува незрели политички потези, доколку работите не се како што тој сака. Начинот на поставување на ултиматуми е незрел политички потег и штетен за демократските процеси на државата. Сè додека Филипче слепо го следи Заев и неговите интереси покажува само дека не нуди решенија и напредок, туку СДС избира блокади и конфронтации, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сè додека Филипче продолжува да делува во сенката на Заев и да применува вакви методи, СДС ќе се соочува со уште подлабок пад, а штетата ќе ја чувствуваат граѓаните и државата, додаваат од владејачката партија.

Македонски



