
Сѐ е подготвено за Светското училишно првенство во ракомет – IFS чиј домаќин е нашиот главен град Скопје. Овој голем спортски настан официјално ќе стартува со денешното свечено отворање кое ќе се одржи на „Плоштад Македонија“ со почеток во 19:30 часот.
20 делегации од целиот свет во претходни два дена пристигнаа во нашиот главен град, сите со нетрпение го очекуваат стартот на Мундијалот.
ЛИНК ОД ПРИСТИГНУВАЊЕТО: https://www.facebook.com/share/v/18mSLn52TE/
Македонија на Светското училишно првенство во ракомет ќе ја претсавуваат кадетските селекции во машка и женска конкуренција.
Кадетската машка репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Горан Кузманоски ќе игра во групата А заедно со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија.
*Според системот за натпреварување првопласираните репрезентации од четирите групи ќе се пласираат во полуфинале.
Кадетите ќе играат во салата „Македонско Сонце“.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
22.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Бугарија,
23.04.2026 (08:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Република Српска – Македонија
26.04.2026 (12:30 часот) С.Арабија – Македонија
Кадетската женска репрезентација на Македонија, предводена од селектор, Даниела Новеска Вељаноска ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка.
*Според системот на натпреварување првите две репрезентации од четирите групи ќе обезбедат место во четвртфинале.
Кадетките ќе играа во салата „Крсте Мисирков“ – Гази Баба.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
22.04.2026 (10:30 часот) Белгија – Македонија
23.04.2026 (10:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Словачка
Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан кој се одржува во нашата држава. Истиот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за Спорт.

Македонски


