
На 17 и 18 април во македонскиот паб „Ѕе“ во Градскиот трговски центар гостува фестивалот „ Malomfesztivál“, кој доаѓа од северот на Војводина.
Покрај музичките гости во Скопје ќе допатуваат и директорот на Фестивалот, Тамас Хорват (Tamas Horvath), како и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ, кои пред македонската јавност ќе го претстават и промовираат овој мошне значаен настан, кој е познат и како Фестивал на ветерници и се одржува секоја година во август во селото Ором, во општина Кањижа, на северот на Војводина.
„Malomfesztivál“ во Ором се одржува три дена и нуди богати содржини од областа на уметноста, музиката и екологијата. Вообичаено има посетители од сите возрасти кои уживаат во музичките настапи на домашни и странски изведувачи и уметници, а покрај музичката програма на присутните им се нудат и други содржини како креативни кампови, работилници од областа на театарот, книжевноста, филмот, како и работилници за најмладите.
Овој викенд македонската публика ќе може да ги доживее настапите на „Skier & Yeti“ од Србија, „Taxi consilium“ од Македонија, како и диџеите: Wocky, Svemirski mjau и Deeman.
Цената на билетите е: 400 денари за една вечер, а 600 денари за двете вечери.

Македонски


