Skip to main content
Нема да има анонимно сурфање

Граѓаните во Германија ќе треба на интернет да се приклучуваат преку дигитален паричник за лична идентификација

Freepik

Владејачката партија во Германија, Социјалдемократите, сака да ги обврзе сите да се најавуваат на интернет користејќи дигитален паричник за лична идентификација (EUDI Wallet).

Со ваквиот план, Германија покажува како „доброволното“ користење може брзо да се претвори во задолжителен услов. Социјалдемократската партија на Германија предложи „EUDI Wallet“ да стане задолжителен за најавување на социјалните медиуми.

Нивниот план предвидува различен пристап за три возрасни категории:

* Деца под 14 години – целосна забрана, платформите мора да го блокираат пристапот.

* Тинејџери на возраст од 14-15 години – пристап до поедноставени верзии на платформи со ограничени функции.

* Оние над 16 години – задолжителна верификација преку „EUDI Wallet“.

Со воведувањето на овие правила, ќе стане невозможно за сите возрасни корисници во Германија да користат социјални медиуми без идентификација.

СПД го позиционира ова како заштита на децата. Наводно, за овие цели ќе се креира евиденција за тоа кој се најавил на платформата, кога и од кој уред.

Покрај тоа, германските власти планираат да се борат против заобиколувањето со употребан на ВПН. Масовното блокирање бара верификација на корисникот од страна на ВПН провајдерите или длабинска анализа на интернет сообраќајот или употреба на државни алатки за контрола на сообраќајот.

ЕУ има за цел да постигне 80% имплементација на онлајн идентификација преку „EUDI Wallet“ меѓу граѓаните до 2030 година. Ваквите цели се спротивставуваат на идејата за доброволно користење на идентификација.

Поврзани вести