Skip to main content

Несреќа во Кочани: Тешко повредено 7-годишно дете

На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Поврзани вести