Skip to main content

Израелската армија повторно напаѓа цели на Хезболах во јужен Либан

Израелската армија денеска повторно ги повика жителите на јужен Либан да се евакуираат поради напади врз цели на Хезболах.

Итно предупредување до жителите на јужен Либан, јужно од реката Захрани, во моментот се извршуваат воздушните напади против Хезболах. Израелските вооружени сили спроведуваат интензивни операции во регионот, објави на платформата Икс портпаролот на израелската армија, полковник Авишај Адрае.

Тој ги повика цивилите да се упатат кон областа северно од реката Захрани, која се наоѓа на неколку десетици километри од границата помеѓу Израел и Либан.

Поврзани вести