Skip to main content
I774BaNIj1o

Трамп е зафатен со војната во Иран, се извини што не му одговори на писмото од Ахмети

Сестринската партија на СДСМ во Унгарија која таму се вика ДК освои само 1,18 проценти од гласовите и ниту еден пратеник. Голем успех на социјалдемокртите од Будимпешта до Скопје. И во такви услови ,наместо да жалат за своите соборци во Унгарија тие се во еуфорија за поразот на Виктор Орбан.

Види им го паметот. Се јави и Филипче и оној експертот за НАТО Жерновски да кажат дека поразот на Орбан во скоро време ќе значел и пораз на Вучиќ и на Мицкоски. Брее геополитичари. Џабе Венко се радува на победата на Тиса кога нејзинот лидер Петер Маџар е кадар на досегашната владејачка партија Фидес на Виктор Орбан. Преведено на локален терен, тоа е како некој од најблиските соработници на Мицкоски да излезе од ВМРО и да формира партија и таа партија да победи на избори. Така да, ако некогаш ЕУ реши да пронајде некој македонски Маѓар и да го направи премиер тоа сигурно да биде некој од СДСМ која е четврта-петта партија во Македонија туку пак ќе биде некој од ВМРО-ДПМНЕ. Разочарувањето на СДСМ од идниот премиер на Унгарија дојде уште прввиот ден кога тој изјави дека планира да има добри односи со Македонија и со другите земји со кои Унгарија има стратешко партнерство, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Затоа СДСМ треба да престанат да гледаат во туѓиот двор туку во својот. За Унгарија Унгарците ќе го берат гајлето, дали новиот премиер ќе им донесе подобар живот, мигранти, топли радијатори или руска зима, времето ќе покаже. Преголемите очекувања и еуфорија обично носат некој нов Заев во земјата. Барем ние тоа го имаме осетено на своја кожа и уште не можеме да се опоравиме. Да се надеваме дека нашите пријатели од Унгарија ќе бидат помудри.

Oва е капчето што претседателот на САД Доналд Трамп му го испрати на лидерот на ДУИ Али Ахмети како извинување што не му одовори на писмото што му го испрати. Војна е, Трамп е растргнат на сите страни па не му пиша навреме. А сакаше, не дека не дека не сакаше. Еве капчето е со посвета, МЕЈК АХМЕТИ ГРЕЈТ АГЕН.Сите сакаме Ахмети повторно да биде повторно голем, како кога беше главен во Македонија а Заев му дозволи да ја претвори државата во темен вилает и служевме за потсмев кај соседите.

Да, Ахмети пиша писма до неколку лидери, загрижен што власта чепкала во придобивките од Рамковниот доворор. Нема врска Ахмети е загрижен што не на власт. Најубав опис за Ахмети и ДУИ даде политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во интервју за Република.

Ахмети во писмото вели дека се чепкало во Законот за јазици,оној што го протуркаа додека беа на власт со СДСМ без мислење од Венецијанската комисија. Сега откако Венецијанската комисија го испрати мислењето до Уставниот суд на Ахмети му дојде до писма.

Може писмото Али го пратил по нашава пошта во која до пред некое време беа директори од ДУИ и кој им служеше како партиска каса. Тако што џабе Трамп го чекал писмото.

Баш ме интересира што му пишал. Може му го спомнал внукот Дрин Ахмети кој на 20 и некоја година врти милиони и купува и продава трговски центри како слаткарница во чаршија Може и му пишал да го тргне кумашинот Артан Груби од црната листа. Ако Трамп не му заврши работа кој.

Може во писмото му спомнал и за протестот студентите Албанци правосудниот испит да го полагаат на албански јазик. Од што толку сакаат да полагаат на албански мафтаа со америккански знамиња. Американските знамиња ако не го омекнат Трамп нема што друго.

Ама не е само Трамп. Трамп му пишал и на Џорџ Буш. Од кај го извади па него. Буш не ни знае дека постои некој Ахмети. Му пиша и Макрон, за секој случај. Ако не го отвори писмото Трамп, Емануел гарант ќе му спомне да не заборави. Кога се слушаат Макрон и Трамп гарант зборат за писмото од Ахмети.

Од сите што им пишал, писмото од Ахмети може да го прочитала само Урусла Фон дер Лајен. Претседателката на Европската комисија никој не ја игра и во светот има влијание колку што сега има Ахмети во Македонија. Значи ич.

Зошто Али не пиша и во Хаг. Таму со душа го чекаат ако оние од Кале решат да приберат.

На кое дереџе е дојден Ахмети покажува и тоа што со него се потсмева дури и Билал Касами.Лидерот на Беса вели дека Ахмети пратил писмо и до месечината преку вселениот број Артемис.

Еее команданте, не е време за писма туку за пензија. Сакаш швајцарска, сакаш македонска.

За да не остане покус се јави и Зијадин Села кој изјави дека ако Албанскиот јазик не станел офијаален ќе требало да се утврди во кој дел територијата ќе бил официјален а ќе морало да се направи и промена на политичкиот систем на државата.

Ова со прости зборови се вика закана од сепаратизаm и во едни други времиња ваквите ликови заминуваа на привремена на Голи Оток. Но сега се други, демократски времиња кои тешко се објаснуваат во пет минути.

Поврзани вести