
Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска изјави дека Кина беше несигурен глобален партнер за време на војната на Блискиот Исток бидејќи акумулирала резерви на нафта.
Бесант, истовремено, ја обвини Кина за ограничување на извозот на одредени стоки, потсетувајќи дека за време на пандемијата на коронавирусот складирала медицинска опрема, пренесуваат британските медиуми.
Тој во разговор со новинарите рече дека за овца прашање веќе разговарал со кинески претставници, но избегна да одговори на прашањето дали спорот може да го загрози планот на американскиот претседател Доналд Трамп да го посети Пекинг на крајот од месецот, велејќи дека Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг имаат „многу добри работни односи“.
„Мислам дека стабилноста е пораката за оваа посета. Имаме голема стабилност во односите од минатото лето. Мислам дека комуникацијата е клучна“, рече американскиот министер за финансии.
Извор: МИА

Македонски


