Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, поточно неговиот град Ел Ринкон во сојузната држава Дуранго.
Според првичните информации, земјотресот предизвикал штети на голем број објекти.
Земјотресот се случил во 8 часот и 32 минути, на длабочина од 91,1 километар.
По ова, неколку помали земјотреси беа почувствувани во Мексико.