Skip to main content

Трамп се закани на Кина со царини од 50 отсто ако му даде воена помош на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Кина со царински мерки од 50 отсто за нејзините стоки доколку Пекинг му обезбеди воена помош на Иран во војната на Блискиот Исток.

„Ако бидат фатени дека го прават тоа, ќе бидат погодени со царини од 50 проценти“, изјави американскиот претседател за Фокс њуз.

Трамп треба да го посети Пекинг на 14 и 15 мај, каде што ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг, откако претходно го одложи состанокот поради војната.

Поврзани вести