
На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6.864 македонски граѓани, а излез 1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи, по денешниот старт на целосната имплементација на новиот дигитален систем на Европската унија, EES, за влез и излез од Шенген – зоната.
Преку ГП „Табановце“ од 12:00 часот вчера до 12 часот денеска е регистриран излез на 9.150 македонски државјани, а влез на 3158 . Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7.360 а ја напуштиле нашата држава 5.449 лица.
Во истиот период преку ГП „Дојран“ излегле 546 македонски државјани, а влегле 241. Влез оствариле и 1.212 странски државјани, а излез 1.114. Преминот „Меџитлија“ во тој период за излез го искористиле 831 македонски државјани, а за излез 129. Преку тој граничен премин во државава влегле 3.347 странски држајни, а излегле 3.038.
Од ГП „Дојран“ велат дека првиот ден од почетокот на новиот дигитален систем на Европската унија, се одвива без поголеми задржувања и оти сообраќајот се одвива нормално и покрај тоа што е продолжен викенд.
Нема посебно зголемување на бројот на евидентирани возила, за разлика од другите денови. Се чека до пет минути на македонската, и 10 до 15 минути на грчката граница. Првиот ден од имплементацијата на новиот систем поминува без проблеми, соопштија од ГП Дојран, од каде велат дека иста е состојбата и со граничниот премин Богородица во Гевгелија.
Со целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија на надворешните граници на ЕУ се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.
Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Македонски


