Skip to main content

Доналд Трамп јуниор на панел во Бања Лука: Американците можат многу да научат со доаѓање во Република Српска

Screenshot

Американската делегација предводена од синот на претседателот Доналд Трамп, Доналд Трамп јуниор, присуствуваше во Културниот центар „Бански двор“ во Бања Лука, седиштето на владата на Република Српска, на панел-дискусија со Милорад Додик и други функционери.

Додик ја претстави посетата како дел од напорите на Република Српска за градење меѓународни партнерства, зајакнување на нејзината глобална позиција и промовирање на заеднички принципи на слобода, национално самоопределување и политика на „здрав разум“.

screenshot

При посетата, Трамп помладиот изјави дека Американците можат многу да научат со доаѓањето во Република Српска.

Работната етика е дел од културата. Има толку многу што може да се научи тука и за мене, се случи ненамерна политичка индоктринација кога видов како се урива одреден политички систем, но ито така и кога ги видов вредностите на луѓето. Ако дојдат тука, мислам дека би можеле да разберат како навистина функционира светот“, рече Трамп помладиот, пренесе РТРС.

Поврзани вести