
Македонија утрово се разбуди со потпросечни температури за овој период од годината. Најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени, а висината на снежната покривка изнесува 41 сантиметар. Под нулата температурите се спуштија и во Берово, Лазарополе, Маврови Анови (-2) и Крива Паланка (-1).
Во поголемиот дел од градовите температурите беа ниски, па така во Скопје се измерени 1 степен, во Тетово и Виница 2, додека во Битола и Охрид 3 степени. Најпријатно утрово беше во Гевгелија со измерени 10 степени.

Македонски


