Skip to main content

Кинески фирми дале на продажба податоци за распоредот на американската војска при нападите врз Иран

Кинеските компании воведоа отворена понуда за продажба податоци за распоредот на американската воена опрема и движења за време на конфликтот на Блискиот Исток, објави „Вашингтон пост“.

Според изданието, кинеските бизнисмени вршат обработка на информации од отворен извор користејќи вештачка интелигенција.

Како што пишува весникот, некои од компаниите што ја понудиле оваа услуга се поврзани со Народноослободителната армија на Кина.

Компаниите споделувале детални описи на опремата во американските бази, движењата на групите носачи на авиони и детални дијаграми за тоа како воените авиони вршат напади врз Техеран и други градови во Иран.

Поврзани вести