
На Граничен премин Богородица, царинските службеници спречија обид за криумчарење на златен накит со вредност од 581.900 денари.
Сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари, но накитот е запленет, а против него е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик на Македонија.
Одделението за истраги го презема случајот и понатаму ќе го води постапувањето согласно закон.

Македонски


