
Оклахома Сити рано утрово ги победи Лос Анџелес лејкерс со 123:87 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА.
Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 25 поени и имаше осум асистенции.
За Лејкерс не настапија Лука Дончиќ, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Претходно беше објавено дека поради повреди, Дончиќ и Ривс веројатно ќе го пропуштат остатокот од регуларната сезона.
Оклахома Сити (63 победи – 16 порази) го доби својот шести натпревар по ред и останува лидер во Западната конференција на НБА.
Лејкерсите (50-29) го претрпеа својот трет пораз по ред и се четврти на Западот

Македонски


