
Првите четвртфинални дуели од фудбалската Лига на шампионите се играат утре, а секако повеќе внимание привлекува дуелот во Мадрид меѓу Реал и Баерн. Двата тима заедно имаат освоено 21 шампионска титула (Реал 15, Баерн 6) и се во ТОП 5 според освоените шампионски пехари.
Двата тима заради игрите, реномето, како и историјата секогаш важат за претенденти за освојување на европска титула.
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа ќе има помалку грижи за овој дуел од причина што Килијан Мбапе и Џуд Белингам се враќаат во тимот, а сепак ќе отсуствуваат голманот Тибо Куртоа и Себалос.
Мислам дека е одлично што ги имаме двајцата назад. Баерн е неверојатен – видовме што можат да направат оваа сезона. Имаме голема почит кон нив, тие имаат исклучителна сезона. Мислам дека Баерн беше најконзистентниот тим во Европа оваа сезона. Тие се многу комплетни: тие се бестрашни, агресивни, многу фокусирани во одбраната, со неверојатен напаѓач во Хари Кејн, изјави Арбелоа на прес конференцијата пред дуелот.
Почетокот на дуелот е во 21 часот, а во истиот термин се игра и дуелот во Лисабон меѓу Спортинг и Арсенал.
Во среда на програмата се другите два четвртфинални дуела: ПСЖ – Ливерпул и Барселона – Атлетико Мадрид

Македонски


