Skip to main content

Купувањето дресови стана луксуз, нема под 100 евра

Многумина мажи како хоби го имаат купување дресови од омилениот клуб или репрезентација. Со наближувањето на Светското првенство излегоа најновите гарнитури од кои „боли глава“ кога ќе се погледнат цените. Нема дрес под 100 евра па веќе оваа страст стана и повеќе од скапа.

Па така најскап дрес е оној на Англија кој чини 140 фунти, додека германскиот е со слична цена од околу 140 евра. Германците на ова СП ќе имаат специјален дрес кој е реплика на оној што го носеа во Италија 1990 година кога стана светски прваци.

Ова СП е „војна“ меѓу Најк и Адидас кои „држат“ најголем број национални тимови. Хрватска за последен пат ќе биде со Најк, а Германците пак по 40 години ќе се збогуваат со Адидас и преоѓаат во Најк.

Поврзани вести