
Дарио Ивановски, македонскиот ателтски маратонец и тркач на долги патеки на Купот на Македонија, кој се одржа денеска на Националната Арена “Тодор Проески“, не само што убедливо победи на 10.000 метри туку постави и нов национален рекорд во време 29:07.94 минути.
Ова за него е фантастичен резултат како и за македонската атлетика. Едноставно Дарио покажа дека нема конкуренција во Македонија на долги патеки во моментов.
Дарио со овој резултат испиша историја. Со неверојатна леснотија, сигурен чекор и шампионски дух, Ивановски леташе по патеката – испишувајќи нови стандарди за македонската атлетика.

Македонски


