Skip to main content

МААЕ повикува на воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа на Блискиот Исток

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, повика на максимална воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа на Блискиот Исток.

Повикот на Гроси следува по нападот врз нуклеарниот објект Бушер во јужен Иран.

Гроси објави на социјалната мрежа X дека не е пријавено зголемување на нивото на зрачење, но повика на максимална воена воздржаност

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди дека понатамошните напади врз локацијата би можеле да доведат до зрачење, загрозувајќи ги животите на луѓето во Перискиот Залив.

Поврзани вести