Skip to main content

Експлозија во произраелски центар во Холандија, нема повредени

Freepik

Експлозија се случи во Израелскиот центар во Нијкерк, источно од Амстердам во Холандија, објавија денеска холандските медиуми.

Во експлозијата, која се случи доцна синоќа нема повредени, соопшти полицијата. Се наведува дека штетата е ограничена.

Полицијата апелираше за информации и рече дека истражува. Првично не беа извршени апсења.

На својата веб-страница, организацијата ја опишува зградата како место за средби на христијаните со чувства на наклонетост кон Израел: „Нашата мисија е да донесеме библиско разбирање во Црквата во врска со Божјите намери за Израел и да промовираме утеха на Израел преку молитва и акција“.

Според извештајот во хол, центарот во неодамнешното минато постојано бил цел на протести на пропалестински групи, за време на кои е евидентирана материјална штета.

Поврзани вести