Skip to main content

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието

Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за околу 7,5 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за околу 20 проценти.

Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието што е дел од оној колективен договор кој што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека откако е формирана оваа Влада, од ноември 2024 година до денеска или за година и половина се зголемени платите на вработените во образованието, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на културен дом во Гази Баба.

МИА

Поврзани вести