Skip to main content

Го измил и спремал татка си за погреб: Детали за убиството во Гостивар

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие траговите од делото, при што телото на починатиот го измил и подготвувал за погреб.

Настанот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин, кој повикал од странски телефонски број. На местото на настанот веднаш излегле полициски службеници, а увид извршиле јавен обвинител и тим од судска медицина, по што веднаш била наредена обдукција, наведува Јавното обвинителство.

Според објавеното, 33-годишниот осомничен започнал семејна расправија со таткото поради претходни недоразбирања, по што физички го нападнал, удирајќи го со рака и со тврди метални предмети, додека не му нанел повреди од кои таткото починал.

Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар за определување притвор за осомничениот, поради ризик од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите од делото.

Поврзани вести