
Кураторство – грижата како задоволство и модел на работа со Франциска Вернер и Грижа за граѓанската заедница
со Карена Шлевит-Бекер
КРИК – Фестивал за критичка култура 2026,
ГРИЖА Начини да се биде заедно
01 април (среда) | 19.00 часот
КРИК – фестивал за критичка култура 2026, ќе се одвива од април, па сè до доцна есен, како простор за континуиранo промислување, заедничко соочување и истражување во релација со овогодинешната тема „Грижа: Начини да се биде заедно“. Во време кога општествата низ светот, и Европа, се соочуваат со сè подлабока изолација, насилство, исцрпеност и фрагментација, прашањето како да бидеме заедно, грижливо, одговорно и посветено, станува истовремено итно и лично.
19:00 Отворање на фестивалот
19:10 Грижа за граѓанството| Карена Шлевит Бекер
Во последниве години, концептот и праксата на грижа добија огромно значење во многу области од секојдневниот живот и работа, вклучително и во уметноста. Ескалацијата на конфликтите и кризите – како локално, така и глобално – честопати придружени со насилство, поларизација и омаловажување, неизбежно поттикнува на свест и потреба за одговор преку форми на грижа како форма на протест.
Концептот на грижа кај Бекер опфаќа цела низа карактеристики и манифестации кои се протегаат подалеку од индивидуалната грижа – допирајќи до поширокото општество преку уметноста. Прво и најважно, станува збор за внимание – различен вид внимание од оној што нè тренира да обработуваме слики за неколку секунди или да се фокусираме на квантитативни мерки за успех.
Во нашата работа бараме внимание кое создава врски, поттикнува и произведува видливи процеси, вклучува различни реалности и може да генерира отпор. Сите овие точки се дел од уметничката програма и дел од нашите институционални и финансиски напори. Доколку можеме да ги одржиме овие процеси, можеме да кажеме дека грижата останува централен фокус на нашата работа.
Предавањето ќе се однесува на естетиката на грижата, уметничките практики на грижата, начините на соработка и работните процеси, како и грижата за публика и грижата за животната средина. Во овој контекст, институцијата ХЕЛЕРАУ и нејзините социјални, политички и финансиски услови, исто така, играат директна улога во нашите процеси на грижа и внимание.
19:50 Кураторство – грижата како задоволство и модел на работа | Франциска Вернер
Терминот кураторство отсекогаш бил тесно поврзан, во самото свое етимолошко потекло, со идејата за грижа. Латинскиот глагол curare значи да се грижиш, да одржуваш – но и да надгледуваш.
Всушност, сите овие значења играат улога во работата на Вернер како куратор, драматург и уметнички директор.
Во нејзината долгогодишна кураторска пракса – моментално како уметнички директор на фестивалот Импулс за перформанс, театар и танц во Северна Рајна-Вестфалија, но и претходно како директор на Sophiensaele, независна продуцентска куќа, во Берлин, како и преку разни фриленс кураторски проекти – кураторството сè повеќе станува, помалку избор на дела и уметници, а повеќе пракса на обликување на односите. Работа со услови. Со луѓе. Со време. Со простори. Во овој говор, Вернер ќе не однесе на лично патување низ клучните аспекти на оваа практика: преку грижа, преку овозможување, преку колективно создавање простори за уметност, уметници и публика.

Македонски



