Skip to main content

Mакедонската репрезентација денеска игра меч без никакво значење

 Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе одигра пријателски дуел против репрезентацијата на Република Ирска. Поразот во баражот со Данска сè уште е болна тема за македонските фудбалери.

Данска покажа дека е квалитетен ривал. По примениот гол имавме неочекуван пад и сега мора да се фокусираме и тоа да го отстраниме. Ни претстои дуелот со Република Ирска – пријателски натпревар нема. Треба да покажеме добра игра и дека ја заборавивме Данска. Важно е добро да одиграме и заради квалификациите кои ни претстојат, изјави Ѓоко Зајков.

Натпреварот против Република Ирска македонските фудбалери го играат во Даблин на 31. март со почеток во 20:45 часот.

Поврзани вести