Skip to main content

Кошаркарките на ЖКК Гевгелија изборија пласман во Првата лига

Фото: Фејсбук МКФ

Женската екипа на ЖКК Гевгелија успеа да избори пласман во Првата кошаркарска лига откако попладнево во мајсторката од финалето во Втората лига ја совладаа екипата на ЖКК Струга со 68:44 (34:13). Гевгеличанки во финалната серија остварија триумф од 2-1 во победи.

Првиот дуел одигран во Струга го доби истоимената екипа со 72:70, а на реваншот во Гевгелија во средата беше 75:60 за Гевгелија.

Екипата на ЖКК Гевгелија оваа година за првпат настапуваше во ова натпреварување и во регуларниот дел од сезоната имаше биланс од 11-1 (победи-порази) и прво освоено место, а во полуфиналето оствари две убедливи победи против Тим Арена од Штип.