Италија ја изрази својата подготвеност да дејствува како градител на мостови меѓу Сирија и Европската Унија по падот на претседателот Башар ал Асад, јави ДПА.
Италија е подготвена да ја одигра својата улога во промовирањето на реформскиот процес во Сирија, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани по состанокот со сирискиот де-факто владетел Ахмед ал-Шараа во Дамаск.
Тајани се сретна и со својот сириски колега Асад ал Шајбани и го увери дека внимателно ќе го следи „процесот на смирување и обнова на земјата“.
Целта е да се промовира политички процес кој ги гарантира основните права на сите Сиријци и ја признава улогата на христијаните како граѓани со целосни права, рече тој.
Тајани е третиот министер за надворешни работи на ЕУ кој допатува во официјална посета на новите власти во Сирија по пучот на почетокот на декември, по министрите Аналена Бербок и Жан-Ноел Баро, кои отпатуваа таму пред околу една недела.