Skip to main content

Тајланд постигна договор со Иран за безбеден премин низ Ормуската Теснина

Тајланд соопшти дека постигнал договор со Иран кој ќе овозможи неговите нафтени танкери непречено да минуваат низ Ормуската Теснина, која е под блокада на Техеран.ж

Постигнат е договор кој ќе овозможи безбеден премин на тајландските танкери, со што ќе се намалат грижите за снабдувањето со гориво – изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул.

Земјите од Југоисточна Азија го носат најголемиот товар од недостигот на енергенси, а во Тајланд цената на дизелот веќе порасна за 6 бати по литар, предизвикувајќи долги редици на бензинските станици.

Блокадата на Техеран доаѓа како одговор на американско-израелската кампања која трае точно еден месец. Иранската револуционерна гарда потврди дека протокот е затворен за бродови поврзани со „непријателот“.

Движењето низ овој стратешки премин, низ кој вообичаено минува 20% од светската нафта, е намалено за 95% во текот на март. Од почетокот на месецот, во овој регион биле нападнати 24 трговски бродови.

Поврзани вести