Skip to main content
Британците се ислашија од нападот на Иран врз базата во Индискиот Океан

Британија се чувствува екстремно ранлива на потенцијален ирански ракетен напад

david-clode-on-unsplash

Велика Британија се чувствува ранлива на ирански напади со балистички ракети по неодамнешниот напад на ирански ракети врз воздухопловната база „Диего Гарсија“ во Индискиот Океан, објави „Телеграф“. Службеник на британското Министерство за одбрана ја нарекува ситуацијата „ужасна“ и истакнува дека подготвеноста на Велика Британија да пресретне балистички ракети е „многу ниска“.

„Телеграф“ разговарал со поранешни високи воени функционери на Велика Британија, од кои сите потврдиле дека земјата практично нема ресурси или вештини за пресретнување на ирански балистички ракети.

Високи офицери дури и откриваат дека целата ракетна одбрана на Велика Британија се базира на шест воени бродови опремени со ракети за воздушна одбрана „Си Вајпер“. Проблемот е што единствениот брод со вистински функционални ракети е испратен во Медитеранот, додека останатите се во британските пристаништа без подготвени ракети – што ги прави бескорисни во случај на изненадувачки напад.

Весникот коментира дека како резултат на тоа, Велика Британија ќе биде зависна од сојузниците на НАТО во случај на такви напади.

Британските претставници го нарекуваат иранскиот напад врз „Диего Гарсија“ „предупредувачки истрел“.

Неодамна стана познато дека Иран може и лансирал балистички ракети способни да погодат цели во радиус од 4.000 км.

Поврзани вести