Skip to main content

Педесетина американски транспортни авиони пренесуваат воен товар од САД до Блискиот Исток

markus-kammermann-from-pixabay

Деновиве есе забележува значително движење на персонал и опрема од американската армија, морнарицата и воздухопловните сили од Соединетите Американски Држави кон Блискиот Исток.

Во таквото масовно распоредување борбени сила уествуваат најмалку 36 летови на транспортни авиони Ц-17 Глубмастер“ од 12 март до сега, со уште 11 летови во режим на подготвеност.

Потврдени полетувања од:

12 – Аеродром Хантер/Форт Стјуарт, Џорџија
8 – Непознато
7 – Џ. Б. Луис-МекКорд, Вашингтон
6 – Аеродром Поуп/Форт Браг, Северна Каролина
4 – Аеродром Кемпбел/Форт Кемпбел, Кентаки
4 – Аеродром Греј/Џ. Б. Луис-МекКорд, Вашингтон
4 – Поморска воздухопловна станица Океана, Вирџинија
1 – Аеродром Мекдил, Флорида
1 – Џ. Б. Мекгваер-Дикс-Лејкхарст, Њу Џерси

Објавени дестинации:

17 – Аеродром Овда, Израел
13 – Аеродром Крал Фајсал, Јордан
4 – Меѓународен аеродром Крал Хусеин, Јордан

Како што објави „Њујорк тајмс“, Пентагон разгледува распоредување на најмалку 3.000 падобранци за брза реакција од 82-та воздушно-десантна дивизија за поддршка на потенцијалните американски операции во Иран, вклучително и евентуален напад за заземање на островот Харг.

Според планот, маринците би биле испратени да обезбедат клучна инфраструктура, а потоа би дошле и воздушно-десантни сили како засилување.

Поврзани вести