
Знаете ли дека кога Емануел Макрон и Брижит ќе станат од сабајле прва мисла им е Македонија. Додека го пијат кафето си зборат за нас. Нема муабет за Иран, за нафта,, за Украина, туку за нас. Емануел и вика на саканата,,,, е драга драга што ќе биде со Македонија ако во Франција на власт дојдат оние од десницата. А Брижит клима со главата додека му подготвува доручек и кришум ги брише солзите. Мислите се шегувам. Не ми е до шегување, а ни вас нема да ви биде ако сте ја слушнале изјавата на Филипче за полтичката состојба во Франција,коментира авторот на емисијата „5 минути со Чавез“.
мавање по чело. Господе те има ли. Што ќе било со Македонија ако во Франција на изборите победела десницата. Демек од левицата аир видовме. Знае ли Филипче дека првото вето за почеток на преговорите не дојде од Бугарија туку од Франција на Макрон. Де бе Венко за што ги плаќате тие од Србија, нека изгуглааат, или по но ново нека го прашаат Чат џи пи ти. Ај Богданка и Јон појма немаат, ама вештачката интелегенција е чудо кога ќе зафали природната.
Ви текнува кога пред референдумот за името Макрон ни се обрати со видео порака да ни каже колку ќе ни биде убаво ако го смениме името и оти кај да е ќе влеземе во ЕУ. Еве не по седум години пред портите на Брисел.
Кој знае Венко дали слушнал дека токму Макрон во 2022 година кога Франција беше претседавач измислија француски предлог кој фудбалски кажано беше 10-0 за Бугарија.
Тогашниот премиер Димитар Ковачевски прво отиде во Брисел и го кажа историското „Не“ како што Тито му рекол на Сталин. Зборот на Таче му држеше два-три дена кога рече дека за Македонија е прифатилив модифицираниот француски предлог кој во суштина беше ист само малку нашминкан.
И во вистинскиот и во модифицираниот суштината беше иста, а тоа е дека мораме да ги внесеме Бугарите во Устав за да почееме преговори за членство. Клучниот збор е да ги „започнеме“, без никакви гаранции дека Бугарија нема да не блокира веќе на второто поглавје.
Од тоа време, позната е и славната изјава на Пендаровски . Кога се крчкаше францускиот предлог тој изјави „значи ние во Скопје немаме видено таков предлог“, за еден месец гордо да каже „па јас ги работев сите тие документи“.

Мина една недела од славната изјава на Шилегов дека ќе каже кој во СДСМ се дрогира а кој се збогатил додека биле на власт. Нит Петре кажа нит Венко го исклучи од партија. Како се вели, овие двајца се двете страни од иста паричка.
Светскиот бизнис и капитал се сели од Дубаи во Сингаур. Значи ова војнава во Иран не му се погоди на Заев. Нит зградата ја заврши нит ништо. Сега што да прави, да почнува ли нова во Сингапур. Чоек да не е раат. А кој знае па во Сингапур дали има добри кафани. Треба ли Зоки и Венко да се опуштат, животот не е само работа.

Македонски



