Skip to main content

Викендов почнува традиционалниот Вевчански карневал

Традиционалниот Вевчански карневал кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица ќе се одржи од 12 до 14 јануари.

На настанот, како и претходните години е предвидена музичка програма која ќе започне попладне во петок (10 јануари). Најавен е настап на Пајак, бендот Ареа, како и на бендот „Забрањено пушење“.

Парадата на маските пак, ќе се одржи напладне во понеделник (13 јануари), а за вечерта се најавени настапи на Љубојна, Наум Петрески, Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и на Перо Бели и Коки.

Карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на карневалот.

Поврзани вести