
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод 20 март – Денот на оралното здравје го посети скопското основно училиште „Мирче Ацев“ каде што се одржа презентација за орална хихиена на учениците од четврто одделение.
Превенцијата е клучна за јавното здравје. Во таа насока, Институтот за јавно здравје континуирано работи на промоција и едукација за теми од јавноздравствен интерес. По повод Денот на оралното здравје – 20 март, ИЈЗ го посети Основното училиште „Мирче Ацев“, каде што се одржа презентација за орална хигиена на децата од четврто одделение, велат од ИЈЗ.
Од ИЈЗ додаваат дека значаен придонес во унапредувањето на јавното здравје дадоа и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, директорката на училиштето Гордана Насковска, како и целиот наставнички персонал.

Македонски


