
Политичкиот театар на СДС и ССМ заврши во еден чин. Фијаското на протестот викендов, покажа дека вистинските работници не се дел од ССМ, таму се луѓе кои СДС ги облече во синдикални, а некои и во партиски маички, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Дистанцирањето од вистинските предизвици со кои се соочуваат работниците, на Трендафилов и ССМ добро им прилега и затоа шуруваат со СДС. Трендафилов и ССМ бараат се што СДС ќе им напише на ливче. Затоа молчеа и не ги поздравија колективните договори на Владата со други синдикати со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор.
0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС.
Се додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ.

Македонски


