
Светот се соочува со нов енергетски шок откако цената на суровата нафта „Брент“ рано утринава скокна на 112 долари за барел. Овој нагол пораст од над 5 проценти доаѓа по вестите за воздушни напади врз клучни енергетски капацитети во Иран и Катар.
Според информациите што ги пренесе Би-Би-Си, цел на нападот бил иранскиот петрохемиски комплекс на гасното поле „Јужен Парс“, кое се смета за најголемо во светот. Ситуацијата дополнително се зоври откако Катар пријави огромни штети на индустриското место „Рас Лафан“, по директните закани од страна на Техеран.
Иако иранските власти тврдат дека пожарот е под контрола, пазарите реагираа нервозно. Ова е втор највисок пик на цената на нафтата овој месец, откако на 9-ти март барелот достигна рекордни 116,78 долари.

Македонски


