Skip to main content

Сопругата на Иле Гоцевски: Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг

Една година од трагедијата.
Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов, напиша на Фејсбук Анита Дермеџиева Гоцевска, сопруга на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош од Кочани, кој таа кобна ноќ спаси многу животи, превзувајќи ги повредените во болниците во Кочани и Скопје.
Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината во душата што е создадена.
Иле целиот свој живот го посвети на помагање на другите како возач на брза помош.
Тој е мојот тивок херој кој секогаш беше таму кога некому му беше најпотребно.
Во најтешките моменти од мојот живот, кога тагата беше преголема, никогаш нема да го заборавам гестот на премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг.
И во такви моменти човек не гледа функција, туку гледа човек.
Јас во него видов човек со големо срце, со топлина и искрена човечност.
Неговото присуство ми даде чувство дека не сме сами во нашата тага.
Тоа беше тивка, но голема поддршка која ќе ја паметам засекогаш.
Во време на голема болка, неговата човечка димензија и искрената грижа оставија длабока трага во моето срце.
Човечноста е највисоката човечка вредност, пишува Анита.

Поврзани вести