
Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој беше еден од повредените во трагичниот пожар во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, објави фотографии од медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот.
Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, пишува гитаристот на ДНК во објавата на Фејсбук.

Македонски

