
Претставата „Црно злато“, работена по текстот на македонскиот драматург и писател Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ од Хрватска, на 14 март премиерно беше изведена на големата сцена на Белградско драмско позодиште (БДП).
Во преполната БДП, екипата „Црно злато“, во која се Наташа Марковиќ, Јана Милосављевиќ, Ања Ќурчиќ, Милутин Милошевиќ, Милан Зариќ, Амар Ќоровиќ, Бојана Стојковиќ, Љубомир Булајиќ и Ана Јанковиќ, беше наградена со стоечки овации.
Дуковски кој овој текст му го посвети на нашиот Горан Стефановски, ја опиша оваа претстава како трагикомедија, а публиката со внимание ја гледаше речиси двочасовната претстава.
Претставата „Црно злато“ собра бројни актери и режисери меѓу публиката, а меѓу нив беа Горан Марковиќ, Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, Бранислав Трифуновиќ и неговата сопруга и многу други, објавија медиумите во Србија.

Македонски

